За правната шизофренија

Читам, Јавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспределува. Во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното обвинителство на Јовевски да почнат да ги пакуваат куферите со предметите и истрагите произлезени од “бомбите”!

Читам и не можам да се изначудам во што се претвори мојата Македонија, во последно време пакувањето куфери се најчестите зборови кои ги слушам бидејки Македонија е се но најмалку правна држава во која единката може да има правна сигурност.

Македонија, сега веќе од денешен аспект со сигурност може да се каже дека некогаш беше држава со достоинство и пример за почитување на правото барем во обид и со тенденција за она право на кое почиваат правните институти уште од времето на римските таблици. Денес во Македонија правото не постои туку веќе неколку години постои правен дилентантизам кој ги скрши и обезличи сите правни институти на кои почива теоријата за правото, приватната сопственост и државата! По доаѓањето на новата власт во 2016 година на еден насилен и измамнички начин со поддршка на меѓународните фактори беше воведен и новиот правец во правото наречен “заевизам”, со еден збор право на политичка диктатура модел диктиран од желбите и потребите на една политичка гарнитура со цел дисторзија и девастација на една држава и народ. “Заевизмот” како правец своите корени ги пушти преку “аудио револуција” преку потребата за јавен интерес со јавно објавување на “незаконски снимени разговори” на политички и други таргетирано одбрани личности со цел нивна дискредитација и подоцнежно гонење на дотогашните кадри од кои беше раководена државата како метод на лесно и едноставно расчистување на патот на новата политичка елита да постави свои послушници и ефикасно набрзина да го преземе целокупниот правен систем и да почне да го делка за своите потреби. “Бомбите” дојдоа сите радознало ги слушавме, медиумите за спотер вешто ги зачинуваа креирајки го јавното мислење и сите ние ракоплескавме на правдата која требаше нели, да ни даде мир! Потоа дојдоа Пржино 1 и 2 па поради неефикасната Јавно обвинителска организација повторно со странски фактор ја добивме и Катица, а до неа и Чарлиевите ангели како специјален продукт СЈО кадар на постојното нели нефункционално обвинителство но сега демек чесен, независен, обучен и финансиран од странство кој на блескав начин требаше да ја донесе правдата и мирот. Катица и нејзиниот тим гонеше и применуваше право со неограничени можности на растегливост по мерка за поттурнување на трите власти на системот уценето да глумат држава и носат одлуки такви какви што им требаат во дадениот момент. Овој инсталиран против уставен орган СЈО учествуваше како спотер во сите клучни моменти, најпрво во кршењето на основната волја на државотворниот македонски народ спротивно на уставните принципи, промена име и воведување на правила на уценето клиентелистичко однесување во сите сфери на живеење и примена на квази право по мерка на креаторите на правниот правец “заевизам” како модел на управување со правото, приватната сопственост и државата.

Пишувајки ја оваа колумна аналитички се навраќам на сите клучни и историски срамни одлуки кои на фантастичен начин се поврзани со СЈО и нивното постапување потпомогнато и поддржано од институции и личности покрај кои живееме и работиме и не можам да се изначудам колку мојата татковина и моите сограѓани биле без кичма и имунитет, колку луѓе кои сум ги сметал за професионалци замижале пред злосторството кое се подготвувало или било извршено сеедно.

Правниот правец “заевизам” го даде како продукт СЈО кое нели беше неуставно, а Уставниот суд молчеше и сеуште молчи, семето на СЈО беше посадено од кадрите на нефункционалното Јавно обвинителство и тоа СЈО ја даде како продукт Катица која потоната во криминал беше уапсена и притворена за да биде лесно елиминирана да не пропее за криминалот по чиј налог го спроведувала планот на политичката елита и меѓународниот фактор и со која цел!

Но како што ниедна идеологија не умира со своите креатори, извршители и поддржувачи така ни “заевизмот” како правен правец тестиран врз овој народ и држава нема да умре како идеолошка мисла и неговите поддржувачи ќе најдат начин да продолжи да живее и остварува бидејки тоа им е единствен начин на опстанок.

Денес во овој крајно девастиран правен систем, а таков е бидејки и научната мисла од Правниот факултет Јустинијан први даде поддршка на сите чекори на “заевизмот” како правец и ниту еднаш не застана во одбрана на постулатите на правото туку секогаш бараше тројанци и на мала врата заобиколени правни решенија за поттурнување на правни теории на “заевизам” што најмалку се граничат со правна шизофренија да не речам ступидност на академските катедри и оние кои ни ги учат и воспитуваат новите генерации на правници, Господ да ни е напомош!

Катица ја нема повеќе, во притвор е’ и правно е мртва без кредибилитет и углед, но Законот за СЈО донесен со двотретинско мнозинство и по волјата на четирите политички партии сеуште постои и е дел од овој правен систем тој закон уредува супремација на право на СЈО кога се во прашање “бомбите” и предметите поврзани со нив со прецизни рокови за покренување истраги и обвиненија, прецизно кој и како може да постапува со “бомбите”- незаконски прислушуваните разговори и постапките што ги отвори и води СЈО, да не е смешно би било трагично но “заевизмот” како правна идеологија смисли нов начин за правна манипулација и претумбација на куферите предмети од СЈО во Јавното обвинителство, она нели нефункционалното со теоријата ако ја гониме Катица може и да ги присвоиме нејзините предмети, кој што зграби зграби само да се заврши идеолошката матрица и задача со која се започна нели се сеќавате во име на начелото на “јавен интерес”.

Катица во еден досега правно невиден воспоставен модел надвор од Законот за СЈО и договореното во политичките преговори Пржино 1 и 2 преку преписка од притвор го овластува Јовевски да ги преземе и да постапува по предметите на СЈО до нивно завршување ова не го пропишува ниеден закон ова не е ниту правна теорија базирана емпириски ова е класична правна фикција. Замислете Катица симболот на правдата фатена во рекет врз обвинети лица во постапките кои таа и нејзиниот криминален тим ги воделе, со писмо одлучува која ќе биде судбината на тие постапки?! Па чекајте овие обвинети луѓе имаат ли свои права која е Катица да одлучува за нивните права и тоа со писмо од притвор и зошто ги предава на Јовевски во чија немилост се наоѓа и самата под прогон? Но писмото на Катица е само промислена нишка во низата злоупотреби во кои се паднати правосудните институции, правната теорија, варем онаа вистинската вели дека колку злоупотреби да направиш за еден мандат ти се бележат како едно – продолжено кривично дело за кое добиваш една казна, па каде е едно не може да имаш потешка осуда ниту да бидеш суден повторно. Овие прашања се колку длабоки толку и широки колку и пандорината кутија на “заевизмот” која се шири се повеќе и повеќе по принципот ако пројде – пројде, а овде проаѓа и тоа како!

Со писмо Катица самата се обезвласти и со исто такво го овласти Јовевски “заевистички катишериф” кој ни во турско го немало, но ако на овој начин со моделот на СЈО се изигра Уставот, законот за СЈО и другите закони на Република Македонија што останува од правниот систем, што е следно сега Јавното обвинителство ке ги применува покрај својот закон и законот за СЈО??? Но дали правните небулози ќе запрат? Не верувам, Постојат повеќе сценарија Јовевски и Вилма или други обвинители послушници да ги одбијат предметите и застанат на страната на правото и со тоа му удрат сериозен шамар на “заевизмот” или да сторат и самите злоупотреба на службената положба и овластување со тоа што ќе ги преземат предметите, да си ги дорекетираат обвинетите но можеби и да има и нови жртви, па следно ќе биде дека Јавното обвинителство не е врзано само за неовластено прислушуваните разговори туку во рамките на Уставот и законот и за секој вид криминал и може кога сака и по кој повод сака да отвара истраги и да гони како сака согласно “заевистичката” правна идеологија и стратегија.

Во нашата тесна политичка свест на нашите политичари на сцена во овие 30 години е докажано дека правосудните органи го перат прљавиот веш на политичарите, па така ќе биде и овде се ќе се донесе до безизлез и потоа нов политички договор кој ќе направи некаков рестарт за политичарите од кариера да продолжат да уживаат на грбот на народот во удобните дебели фотељи и дебели примања, а плата 500 евра, “кога” ќе ја гледаме само во преводот на Гугл од македонски на албански, можеби и Ебај ќе си правиме со умот но за жал не чекаат години и години агонија!

Ако македонскиот народ во кој ги вклучувам сите национални заедници кои живеат во македонската држава чекаа правда за да добијат мир, добија само нов начин за справување со политичките неистомисленици преку нов квази правен систем “заевизам” кој ниту ја врати ниту ќе ја врати вербата во правната држава ниту ќе спроведе правна реформа и владеење на правото бидејки мирот граѓаните не го добија оние што ги судат за кражба на кебапчиња скапуваат во затвор, а оние што се судат за повреда на меѓа со која им е узурпирано правото на сопственост гарантирано со Уставот ке продолжат да тонат со десетици години во правните лавиринти на истите овие обвинители и судии па и професори кои му се поклонуваат на “заевизмот” како правна идеологија!

 

Владимир Панчевски – судија

Поранеше председател на аосновен суд 1 Скопје

Четврток, 05.09.19 – 23.30 ч.

Дудинка

About the author: Kolevi. Mk

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

Comments

No comments yet
Read more:
За оние кои ме сакаат, секогаш сум тука. За оние кои не ме сакаат- не сум…

Не се срамете од лузните кои животот ви ги нанесе. Лузните значат дека болката престанала и дека раната е затворена....

Close