ЗАЕВ – ОСТВАРУВА!

ЗАЕВ – ОСТВАРУВА!

Би сакал да ви одземам малку време, доколку се решите да го прочитате овој текст, и да потсетам на две свои тези што еве секојдневно се потврдуваат.

Првата е дека ЗАЕВ СЕ‘ ШТО ВЕТИ ОСТВАРИ!

Апсолутно се некурентни и непотребни критиките од опозиционите политичари и нивниот единствен портал кон постапките на Заев и неговата Влада! Исто така, апсолутно глупави се “барањата“ кои стигнуваат до мене (и до други паблик опиниан мејкери) да “сме го критикувале Заев“!

Зошто е глупаво да го критикувам? Па затоа што тој не прави нешто што не го најави пред изборите 2016-та. Еве на пример, јас да напишам текст и да го искритикувам за симнувањето на споменикот на Ќосето, тој ладно може да ми одговори “зошто ме критикуваш, па јас ова го ветив, и еве сега го остварувам“. И, таквиот критичар на постапките на Заев ќе излезе смешен.

Сите кадри на Заев кои доаѓаат од архитектонскта, уметничката, професорската и историската фела со години наназад тврдеа дека Скопје 2014-та треба да се сруши. Грчев со свој став за “фрлаље во шут“ и Фрчкоски со својот “француски клуч“ беа нај експлицитни и нај присатни. Така да што да критикувам? Па тие рекоа дека ќе ги фрлат спомениците, фасадите, галиите, тркалото… Луѓето сега само ОСТВАРУВААТ. Го остваруваат она што го ветија. На луѓето што гласаа за нив им ги остваруваат работите што им ги ветија.

Втората работа е дека СДСМ и одржа ЛЕКЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ за менаџирање на невладини организации и на медиуми во време кога партијата е во опозиција, но и кога е на власт.

10 месеци е ВМРО ДПМНЕ во опозиција. 12 месеци е откако Никола Груевски беше откачен ко партал од Али Ахмети. Се сеќавате, кога онаа вечер на 31-ви јануари Трајко Вељановски славодобитно изјави, односно излажа, дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе направат влада.

Од тогаш до сега, сте чуле ли за некоја невладина организација која е активна во делувањата и критиките кон актуелата власт на државно и локално ниво? Каде е многу јаката невладина СОС на Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и Никола Србов? Каде сте мажиња?

Image result for сос чилиманов

Ја има ли и новообновената ГДОМ со новогдомците Сотир Костов, Александар Даштевски, Крсте Јовановски и слични? Дека сте и вие мажиња? Вака исчистени од опасните националисти и револуционери ко Тони Науноски или Петар Темелковски – ве снема, бе!

Скопје и градовите низ Македонија се загадени ко Мумбаи, дрва се сечат во секој парк во Скопје, малолетнички ги ебат за пари зад МРТВ, кучињата се пуштени во лов на граѓаните на Скопје, нерасветлени убиства, криминали – илјада работи за критика и мониторинг, ама невладини нема!!!

Оние што си дојдоа на власт ги замрзнаа своите ФБ активности како Анима Мунди, неактивни се разните Вистиномери и Проверки на факти, никој не шета со маски на муцка како овие 4-ца мајмуни…

Related image

 

Покрај невладини што нема, нема ниту медиуми. Кочан ќе ја продавал телевизијата на Каракачанов (а Виктор Грозданов појма нема за оваа бизнис зделка), Радио Слободна Македонија се укина а директорката Емилија Гаврилова избега оставајки неколкумесечен долг кон вработените (техника и новинари) и хонорарците.

Алфа се тетерави без пари да купи било каква програма, па по 100-ти пат гледаме како на некој јад во Србија му ја реновирале трошната кукичка. Сител ги зацементира своите добри односи на релација Стари Ѕинго – Мрсољко, а газдата на Канал 5 Емил Стојменов го направи она за што е најталентиран свртувајки го ( давајки го на располагање) своето дупе кон Бихачка. Тој Емил де, што “све да му ебе на Стојанче“, ама и што има ќеф за апсење на Љубчо.

Па така, без граѓански сектор и без медиуми, без новинарски капиталци ами само со медиумски гирици, без чујност, читаност и гледаност ВМРО ДПМНЕ тргнува кон рушењето на непробојната тврдина зацементира од поддршката на Бејли, срдечноста на Меркел, парите на Сорос и интересите на шиптарите.

И, ете преку “Реформаторот“ Петар Богојески, кој од сите реформи успеа само да си ја реформира сопствената политичка кариера, дознавме дека “до крајот на мандатот“ на СДСМ, ЗНАЧИ ЗА 4 ГОДИНИ, СДСМ ќе “бил загорзен“. Пази ваму, не поразен, сменет, срушен од власт – ами ЗАГРОЗЕН!!!!

А, не мораше ова од рефрмиранив реформатор да го слушнеме. Кај мене во емисија во Мај месец Харолд Кочи од Австрија порача дека “Зоран Заев долго ќе владее“. Колку само тогашното високо раководство на ВМРО ДПМНЕ ми се лутеше што интегрално сум го објавил интервјуто со овој познат про-врмровски поранешен амбасадор во Македонија. ВМРО ДПМНЕ си беше, и е, научена на новинари што се бават со монтажа, сечење, лепење и монтирање на интервјуа.

Па така да од постапките на партијата, изјавите на најекспонираните сегашни раководители на истата, јасно се гледа дека се помирени со судбината да бодат вечна опозиција, па затоа невладини, медиуми, новинари, опиниан мејкери – НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРААТ.

Да заклучам:

Заев се што вети остварува,

ВМРО ДМПНЕ не се спротиставува.

автор: Миленко Неделковски

24.02. 2018 година

објавено на Дудинка

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
САКАМ ПОВТОРНО ДА СЕ НАДЕВАМ

Не учеа на општите морални вредности. Кога бевме мали, родителите, кумовите, наставниците и пријателите беа луѓе вредни за почит и...

Close