Зошто треба да јадеме јагоди

Освен што е хранлива, ова ниско калорично овошје има и лековити својства: го стимулира работењето на џигерот и бубрезите и го подобрува процесот на исфрлувањето на течностите од организмот. Дали поради нивната примамлива црвена боја, вкус или мирис, ретко кој може да одолее на јагодите.

Кај Римјаните јагодите биле многу ценето овошје, а во средниот век се користеле во лекувањето на многу болести. Во 18 век. од Чиле и Перу семките од крупни јагоди стигнале во Европа. Иако можете да ги најдете во текот на целата година во подобро снабдени трговски центри, нивното идеално време за консумација е од април до јуни. Малите диви јагоди, познати се по нивен интензивен мирис и се сметаат за лековити.

Содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали, ја поттикнуваат детоксикацијата и го намалуваат ризикот од настанувањето на малигните тумори. Билните феноли го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, а со самото тоа го поттикнуваат работењето на срцето.


Според пирамидата на правилната и урамнотежена исхрана, јагодите се високо позиционирани и се препорачуваат 2 до 3 овошни оброци дневно. Богати се со влакна кои благотворно делуваат на пробавниот систем и со тоа се намалува можноста за настанување на карцином на дебелото црево Воедно го намалуваат ризикот од заболување од инфаркт на миокардот и ангина пекторис.

1.Го зајакнуваат имунитетот и богати се со витамин Ц, кој ве штити од инфекции.
2.Ги спречуваат срцевите заболувања така што се богати со флавоноиди и антиоксиданси кои се борат против лошиот холестерол.
3.Богати се со влакна, заради кои лесно го регулираат нивото на шеќер во крвта.
4.Сиромашни се со калории, па многу лесно ја намалуваат телесната тежина, а ве одржуваат сити.
5.Големото присуство на фолна киселина помага во развојот на бебето и ги спречува проблемите при породувањето, што значи препорачливи се за сите трудници.
6.Одлични се за зајакнување на коските заради магнезиумот, калиумот и минералите кои ги содржат.
7. Фолната киселина, витаминот B5 и B6 го спречуваат губењето на косата.
8. Две до три порции јагоди неделно го одложуваат стареењето на мозокот и го подобруваат памтењето.
9. Имаат антивоспалително дејство и ја ублажуваат болката во телото.
10. Полни се со антиканцерогени материи.

Текстови од истата категорија:

Welcome to NetMkd!

Be the first to comment

Leave a Reply

Read more:
Одвојте време за најблиските

Во секојдневната трка со времето, себе и животот, забораваме кои се најважните луѓе, најважните моменти, најважните работи кои треба да...

Close