Ѕвезди на земјата

Понекогаш во ноќта ќе запливам
легнат на детелина пресна,
со цвет неоткинат покрај лице,
а очите запловиле по небото,
помеѓу ѕвездите распослани,
како цветови од камилица
на зелена ливада расфрлани.
И сонувам буден,
со очи ококорени,
како помеѓу ѕвездите си играм,
ги допирам и им се радувам,
ги гушкам и бакнувам.
Сонувам и копнеам,
како кога сонуваш за нешто
недостижно и бајковито,
и одеднаш ќе се сепнам,
и ќе трепнам,
како од сон кога се будиш.
Ќе погледнам буден,
со широко отворени очи,
и гледам,
И тука има ѕвезди,
меѓу нас што сјаат,
и дење и ноќе.

Ѕвезди на земјата

-Посветена на сите оние што останале да сјаат во оваа земска темнина-

#зборовиМаркоВиденовиќ
#zboroviMarkoVidenovic

About the author: Admin Kolevi Support Team

Секое семејство има своја приказна. Ова е нашата.

Be the first to comment

Comments & Your reaction to the content

Come and join to kolevi.mk!!!

No comments yet
Read more:
Легенда за Лагата и Вистината

Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале на патот. - Добар ден, рече Вистината. - Убав ден,...

Close